Роберт Спасенцовски – Џокер го прослави својот 28-ми роденден во семејна атмосфера.
Македонскиот пејач и неговата сопруга, Антониа Гиговска, споделија фотографии од специјалниот ден. Роберт доби торта со ликот на Џокер и позираше со малото синче Киан, кое со Антониа го добија во јули 2023 година.
„Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ – напиша Роберт на една од фотографиите со Киан.
 
 
 
 
Антониа и Роберт се верија во јануари 2023 година, кога ја споделија и веста за бременоста. Парот стапи во брак на 30 април.
 
 
 
 
		 

 
 
 
 
