Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Погрешен моден избор на Мел Б: Зошто носењето тесен латекс фустан во сончев ден е лоша идеја?

Погрешен моден избор на Мел Б: Зошто носењето тесен латекс фустан во сончев ден е лоша идеја?

Поранешната членка на женската група Spice Girls Мел Б изгледа одлично што и да облече на себе.

Слободно може да се каже дека 41-годишната пејачка и мајка на три деца е во одлична физичка форма, па не е ни чудо што често избира креации коишто ја истакнуваат нејзината фигура.

Но, пред два дена стилскиот избор на Мелани Браун поттикна негативни наместо позитивни коментари. Таа беше фотографирана додека се упатуваше на деловен состанок во ресторанот „Serafina“ во Лос Анџелес облечена во лилав латекс фустан со проѕирен горен дел и складни лобутинки.

Мел Б

Жешкото сончево време не ѝ годеше на кожата на Мел Б, а тоа беше премногу очигледно на папараци фотографиите. Интернет корисниците не штедеа критики за лошиот избор на фустан и коментираа дека тој не е соодветен на временските услови, иако сите се согласија дека Мелани изгледа одлично.

Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б

Мел Б е дел од жирито во познатото шоу „America’s Got Talent“, па таа постојано е присутна во медиумите. Еве дел од нејзините впечатливи модни избори.

Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б Мел Б

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.