Викторија Бекам имаше незаборавна вечер на премиерата на документарниот филм за нејзиниот живот.
На прикажувањето на „Victoria Beckam“ во киното „Curzon Mayfair“ во Лондон, 
 
 
 
14-годишната Харпер изгледаше пораснато во црн фустан покрај своите елегантни браќа, 23-годишниот Ромео и 20-годишниот Круз, кој на настанот беше со девојката Џеки Апостел.
 
Викторија беше облечена во бел аутфит од сопственото ателје.
„Колку посебна вечер посветена на Викторија Бекам на Netflix. Те сакаме многу и со нетрпение чекаме луѓето да гледаат и да видат колку си топла и трудољубива личност, полна со љубов… многу се гордееме со тебе“ – напиша Дејвид.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Поранешната членка на Spice Girls имаше мини обединување со своите колешки од групата. Три од легендарните „спајсици“, Гери, Ема и Мел Си, се појавија на настанот за да ја поддржат Викторија.
 
 
 
 
		 

 
 
 
 
