Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По тешката борба со ракот, синчето на Луисана Лопилато го прослави 4. роденден со забава со суперхерои

По тешката борба со ракот, синчето на Луисана Лопилато го прослави 4. роденден со забава со суперхерои

Синчето на Луисана Лопилато и Мајкл Бубле, на кое пред девет месеци му беше дијагностициран рак на црниот дроб, го прослави својот 4. роденден со забава со суперхерои.

Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ сподели фотографии од тематската прослава за специјалниот ден на малиот Ноа.

Братот на Луисана, пријател и малиот НоаБратот на Луисана, пријател и малиот Ноа Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Славниот пар за првпат се отвори за лошиот период низ кој минува малото момче во ноември минатата година. Тие ги ставија кариерите на пауза за да се посветат на здравјето на синот.

Аргентинската актерка и канадскиот пејач имаат уште едно дете – синчето Елијас.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Слаткото момче очигледно е љубител на суперхероите, бидејќи и минатиот роденден му беше со тема Спајдермен.

„Сакам да споделам со сите вас дека благодарение на Бог, син ми е добро. Секако, процесот е долг, како што знаете сите, и Ноа мора да продолжи со контроли. Но, ние сме многу среќни и многу сакаме да размислуваме за иднината, да ги гледаме нашите синови како растат. Тешко е да се зборува, бидејќи сето тоа се случи пред многу кратко време, па јас сум малку чувствителна на оваа тема“ – изјави неодамна Луисана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.