Викторија и Дејвид Бекам несомнено се гордеат со своите четири деца. Тие редовно споделуваат фотографии и видеа од семејните дружби.
45-годишната дизајнерка и 44-годишниот поранешен фудбалер им овозможија на своите фанови да ѕирнат во нивните предбожиќни активности и во атмосферата која владееше во нивното семејство на Бадник.
За да се увери дека Дедо Мраз нема да го прескокне нивниот дом, 8-годишната Харпер му напиша писмо и му остави млеко, колаче и морков. Таа беше облечена во складни пижами како мајка си Викторија, додека нејзините тројца браќа беа облечени исто со Дејвид.







Видео
Целото семејство посети и работилница на Дедо Мраз. Машкиот дел од семејството правеше снешковци, додека Викторија уживаше во декорирање на божиќни колачиња. Харпер и Бруклин позираа со омилениот дедо на сите деца.












