Пинк се отвори за мајчинството и кариерата во интервју за „People“.
За списанието, 43-годишната пејачка зборуваше за новиот деветти албум „Trustfall“ и откри дека била преплашена да стане мајка, бидејќи сметала дека нема да биде добра во тоа.

„Кога добив деца, луѓето ми велеа: ‘Кариерата ќе ти заврши. Како ќе одиш на турнеи?’“ – признала таа.
Сепак, на таквите личности смелата музичка ѕвезда успеала да им докаже дека грешат и дека кога се сака, сè се може.
Таа продолжи да ја гради својата кариера, додека истовремено им е одлична мајка на 11-годишната Вилоу и 6-годишниот Џејмисон.
„Не знаев дека ќе имам семејство. Не се замислував така, бидејќи се плашев дека ќе бидам ужасна мајка. Но, ох Боже, станувањето мајка е најневеројатното нешто што го имам направено. Шокантно е колку одговорна станав“ – изјавила славната пејачка.


„Сакам да бидам најдобра во сè и тоа никогаш не е доволно добро. Невозможно е. Но обожавам што сум мајка, ја сакам музиката и среќна сум што можам да ги правам сите тие нешта. Си ги бројам благословите секој ден“ – додала таа.
Пинк беше ѕвезда и на насловната страница на „Women’s Health“.







