Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк го роди второто дете и сподели фотографии од новородениот син

Пинк го роди второто дете и сподели фотографии од новородениот син

Пинк се породи. 37-годишната пејачка сподели слатка фотографија на Instagram за да го најави доаѓањето на овој свет на синчето Џејмисон Мун Харт. На неа, музичката ѕвезда го држи новороденчето во рацете и со насмевка гледа во него. Во описот стои дека бебето е родено пред три дена, односно на 26 декември.

Jameson Moon Hart 12.26.16

A photo posted by P!NK (@pink) on

Подоцна, Пинк сподели уште една фотографија на која нејзиниот сопруг Кери Харт го држи бебенцето. Во описот, таа напиша: „Го сакам таткото на моето бебе“.

Кери Харт

Пинк вешто успеа да ја сокрие својата втора бременост и објави дека очекува дете пред околу 6 недели со фотографија од трудничкото стомаче.

Пинк

Ова е второ дете на парот, кој стапи во брак во јануари 2006 година. Пинк и Кери имаат и една ќерка, 5-годишната Вилоу Сејџ Харт.

Пинк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.