Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк во емотивен говор раскажа како ѝ одржала важна лекција на ќерка си за самодовербата

Пинк во емотивен говор раскажа како ѝ одржала важна лекција на ќерка си за самодовербата

Пинк ја имаше честа да се закити со престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“ за својот придонес во музичката индустрија.

37-годишната пејачка ја трогна публиката со својот емотивен говор, во кој раскажа случка со својата ќеркичка.

MTV VMA

„Знам дека немам многу време, но ако можам, да ви раскажам брза приказна. Неодамна ја возев ќерка ми кон училиште и таа ми рече: Мама, јас сум најгрдото девојче кое го познавам. Изгледам како момче со долга коса. Јас започнав да се прашувам: Боже ти имаш 6 години, од каде доаѓа ова, кој го рече ова, дали можам да истепам 6-годишник.“

„Но, не реков ништо. Наместо тоа, отидов дома и направив презентација во Power Point за неа и во таа презентација имаше андрогинозни рок ѕвезди и артисти кои веројатно биле исмејувани секој ден од нивните животи и продолжувале, го вееле своето знаме и нè инспирирале нас останатите. Ова се артисти како Мајкл Џексон, Дејвид Боуви, Фреди Меркјури, Ени Ленокс, Принс, Џенис Џоплин, Џорџ Мајкл и Елтон Џон, толку многу артисти. Очите ѝ засветкаа, но тогаш ѝ реков дека навистина сакам да знам зошто се чувствуваш вака за себе. Ѝ реков: Што мислиш како изгледам јас? И таа рече: Па ти си убава. Ѝ реков благодарам, но кога луѓето ме исмејуваат, ги користат тие зборови, дека изгледам како машко, дека сум многу мускулеста, дека телото ми е многу силно. И реков: Дали ме гледаш да ја растам косата? Ми рече: Не мама. Дали гледаш да го менувам телото? Таа рече: Не мама. Дали ме гледаш да го менувам начинот на кој се претставувам пред светот? И таа рече: Не мама. Дали гледаш дека продавам арени низ цел свет? Да мама.“

„Па, мало девојче, ние не се менуваме, го земаме чакалот и школката и правиме бисер, и им помагаме на другите луѓе да се променат за да можат да видат повеќе видови на убавина. И до сите артисти тука, многу сум инспирирана од сите вас. Ви благодарам што сте тоа што сте и што го осветлувате патот за нас. Продолжете да сјаете. И ти мое мило девојче си убава и те сакам“ – вели Пинк во нејзиниот говор.

ВИДЕО

Во публиката беше нејзината ќеркичка заедно со нејзиниот сопруг. И тројцата се појавија на манифестацијата облечени во костуми.

MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA MTV VMA

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.