Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пејач со големо срце: Ед Ширан им пееше на болни дечиња и на нивните родители во болница во Австралија

Пејач со големо срце: Ед Ширан им пееше на болни дечиња и на нивните родители во болница во Австралија

Ед Ширан оддели време во својот натрупан распоред за да ги изненади малите пациенти и нивните родители во Детската болница во Квинсленд.

32-годишниот пејач, кој во моментов е на турнеја низ Австралија, неочекувано се појави во болницата. Тој два часа пееше, се фотографираше и разговараше со децата кои се лекуваат таму.

Ед Ширан Ед Ширан Ед Ширан

„Ед седеше и разговараше со децата, ги прашуваше од каде се, ги слушаше нивните приказни, што беше прекрасно“ – рекоа од болницата.

„Вчера видов како се смее мало момче кое одамна не сме го виделе да се насмее“ – додаде една од медицинските сестри.

„Тој беше дружељубив. Беше како остварување на сон. Многу беше забавно“ – рече обожавателка на Ед која доби шанса да пее со него.

Ед Ширан Ед Ширан Ед Ширан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.