Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Петте ќерки на Брус Вилис заедно на прослава за претстојното раѓање на неговото прво внуче

Петте ќерки на Брус Вилис заедно на прослава за претстојното раѓање на неговото прво внуче

Семејството на Брус Вилис е пообединето отсекогаш.

Неговата поранешна сопруга Деми Мур и сегашната сопруга Ема Хеминг негуваат одлични пријателски односи, уверувајќи се дека сите пет ќерки на актерот ќе растат како сложни сестри.

Брус ги има ќерките Румер, Талула и Скаут од бракот со Деми, додека со Ема ги има ќеркичките Евелин и Мејбел.

Сите пет сестри се собраа на исто место за да го прослават претстојното раѓање на бебето на Румер. Ова ќе биде прво внуче на актерот од „Die Hard“, кој страда од деменција.

Вилис Вилис

Покрај четирите сестри на Румер, на забавата беа присутни и Ема и Деми.

Вилис Вилис Вилис Вилис Вилис

Неодамна, идната мајка се отвори за новата улога која ќе ја добие и за бременоста.

„Ова е едно од оние чудни нешта кои луѓето јасно ги знаат. Како на пример некој што сака да биде музичар. Никогаш не било доведено во прашање дали сакам да бидам мајка. Тоа е нешто на кое само што ќе помислам, чувствувам огромна радост“ – рекла најголемата ќерка на Брус.

Вилис Вилис Вилис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11171 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.