Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана по неколкумесечна врска

Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана по неколкумесечна врска

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе запливаат во родителските води.

Идната мајка ја потврдила среќната вест за „Jutarnji list“: „Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“.

Хрватските медиуми откриваат дека Хана е во 12-та недела од бременоста и дека ќе се породи налето.

45-годишниот пејач и 31-годишната музичарка и артистка се едни од најпопуларните парови на хрватската сцена во моментов и привлекуваат огромен интерес иако се заедно само неколку месеци.

Нивното долгогодишно познанство премина во романса кратко време откако Петар ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.