Пенелопе Круз со сопругот Хавиер Бардем присуствуваа на 36-тото издание од манифестацијата за доделување на шпанските филмски награди „Гоја“ во Валенсија.
47-годишната актерка шармираше на црвениот тепих во нежна креација од високата мода на Шанел.











За време на церемонијата, Пенелопе ѝ ја врачи на Кејт Бланшет наградата „Goya Internacional“ која шпанската Академија на филмските уметности и науки ја доделува за првпат во историјата. Двете колешки силно се прегрнаа на сцената.
Наградите „Гоја“ во Шпанија се еквивалент на Оскарите.

