Почетна » Новости » Актуелно » Инфлуенсерка си го повреди ‘рбетот за TikTok предизвик со штикли 2 месеци по породувањето

Инфлуенсерка си го повреди ‘рбетот за TikTok предизвик со штикли 2 месеци по породувањето

Инфлуенсерка, која се породи пред два месеци, доживеа повреда на `рбетот поради „луд“ TikTok предизвик.

Мариана Баруткина се обидувала со штикли да балансира на кутија од адаптирано млеко, но изгубила рамнотежа и паднала од кујнскиот шанк. Поради падот, се здобила со фрактура, а видео од моментот објави на Instagram.

„Иронија? Карма? Или само живот, кој секогаш ја тестира нашата сила во најнеочекуваниот момент“ – напиша таа.

Мариана Баруткина

По несреќата, Мариана стекна голема популарност онлајн.

„Поради видеото, кое беше неуспешно снимено, се разбудив како популарна личност. Луѓе, ви благодарам за популарноста, за загриженоста и да вашите коментари. Супер сум, ги следам препораките и го живеам статусот на ѕвезда“.

„За оние кои се загрижени за моето дете: тоа е смирено, има две дадилки и додека го снимав ова, едната беше со него“ – објасни Мариана.

Мариана Баруткина

Предизвикот бил инспириран од позата на Ники Минаж од спотот за „High School“.

Иако изгледа забавно и впечатливо, трендот носи голем ризик, особено за жени кои неодамна поминале низ тежок физички процес како породување.

@highonika what's your favorite one? #nickiminaj #barbz #foryou #nickiminajchallenge ♬ original sound - highonika

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28118 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.