Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Те сакам, мамо“: Почина мајката на Бред Пит два месеци по неговата слатка порака за неа

„Те сакам, мамо“: Почина мајката на Бред Пит два месеци по неговата слатка порака за неа

Бред Пит тагува поради смртта на мајка си.

Џејн Ета Пит почина вчера на 84-годишна возраст, само два месеци откако актерот ѝ испрати слатка порака за време на интервју во „Today Show“.

Додека го промовираше новиот филм „F1“, Бред испрати бакнеж за мајка си и рече:

„Морам да ја поздравам мајка ми, бидејќи ве гледа секое утро. До Џејн Пит. Те сакам, мамо“.

Џејн Пит Џејн Пит Џејн Пит Џејн Пит

Покрај Бред, Џејн зад себе остави уште две деца и 14 внуци. Една од внуките, Сидни, која му е ќерка на Даг Пит, со порака ја потврди смртта на баба си и се збогуваше со неа на социјалните мрежи.

Моја слатка бабичке, Џејн Ета, сè уште не бевме подготвени да одиш, но помислата дека сега можеш повторно да пееш, танцуваш и сликаш барем малку го олеснува ова.

Ако ја познававте баба ми, знаете дека имаше најголемо срце. Длабоко се грижеше за секого и за сè, без прашања.

Ме научи како да сликам, како да бидам силна, како да бидам љубезна, да го сакам Исус низ сè и да наоѓам радост во најмалите работи. Ги измислуваше најглупавите игри само за да нè насмее и веруваше во праведност, во ставање на другите на прво место и правење добро едноставно затоа што тоа беше правилно...

Можеше да биде во чекор со сите нас 14 внуци. Немаше ограничување на љубовта што ја даваше и секој кој ја запознаваше, го чувствуваше тоа.

Не знам како ќе продолжиме понатаму без неа. Таа беше љубов во најчистата форма. Бевме навистина благословени што ја имавме за да ја сакаме додека растевме и знам дека таа продолжува да живее преку секој од нас.

Џејн Пит Џејн Пит Џејн Пит

Како успешна наставничка и советничка, Џејн вложуваше во развојот и здравјето на децата, но не сакаше да биде во центарот на вниманието. Нејзиното присуство на холивудските настани беше ретко.

Џејн Пит Џејн Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28139 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.