Новак и Јелена Ѓоковиќ се препуштија на уживање и нежности на Миконос.
Српскиот пар, кој е на летување на грчкиот остров со децата Стефан и Тара, ги искористи моментите насамо за да си размени бакнежи и прегратки на плажа. Папараците ги уловија 38-годишниот тенисер и неговата избраничка додека се бакнуваа како заљубени тинејџери.







Новак и Јелена се еден од омилените српски парови, па јасно е зошто фотографиите од нив привлекоа големо внимание.



Тие беа фотографирани и непосредно по пристигнувањето на Миконос со децата, како и со братот на Ноле, Ѓорѓе.

Парот стапи во брак во 2014 година во Црна Гора и заедно има две деца.

