Пред една недела, Марк Антони и Надја Фереира се заколнаа на вечна љубов.
54-годишниот пејач и неговата 23-годишна избраничка направија прекрасна свадбена прослава во Мајами.
Списанието „Вог“ ги објави официјалните свадбени фотографии на Марк и Надја, кои се заедно од февруари минатата година.


Фереира, која беше финалистка на Мис Универзум во 2021, блескаше во венчаница од Галија Лахав. „Мојот фустан беше сè за што сонував“ – рекла Надја.



Дејвид Бекам беше кум на свадбата и одржа говор за младенците.




















