Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Опра подари 275 автомобили, по еден за секој од публиката

Опра подари 275 автомобили, по еден за секој од публиката

Опра е позната по својата дарежливост, а нејзината публика најдобро може да го потврди тоа. Во вториот дел од епизодата наречена „Омилени нешта“, таа им подари на сите од публиката нов автомобил VW Beetle.

275-те души присутни во студиото со врисоци и солзи на очите ги примија клучевите од своите нови автомобили.

ОпраОпра пристигна во студиото со автомобил VW Beetle и во тој момент сите започнаа да врскаат насетувајќи што ги очекува

Автомобилите кои ќе ги добијат среќните гости на Опра се нови модели кои треба да се појават наредната година, а во студиото на публиката им беше откриена само силуетата на новиот модел 2012 VW Beetle.

Во претходната епизода Опра им подари на присутните некои од нејзините омилени нешта како крстарење на Карибите, Sony телевизор од 3600 долари, Apple iPad, дигитална камера од 700 долари, обетки од сафир и сл.

„Не се работи за подароците. Иако навистина се забавни, според мене се работи за надежта. Да знаеш дека нешто навистина магично и радосно и прекрасно може да се случи кога најмалку го очекуваш“ – изјавила таа.

Ова е последната сезона од шоуто на Опра. Во врска со нејзината одлука да го напушти шоуто, таа изјавила: „Ова шоу е мојот живот и го сакам доволно за да знам кога е време да кажам збогум“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11943 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.