Ријана на омотот на новата песна „Руски рулет“
За феновите на Ријана долгото чекање заврши. Се појави новиот сингл на Ријана, кој го најавува нејзиниот нов албум „Rated R“.
Песната „Russian Roulette“ е предвидено да се појави официјално на 23 ноември. Како што кажува и самиот наслов во неа се зборува за опасната игра руски рулет. Мелодијата е интересна и откако еднаш ќе ја слушнете, потоа лесно ќе ја препознавате.
По неверојатниот албум „Good Girl Gone Bad“ (2005) и по инцидентот со Крис Браун, ова е прв сингл на Ријана и затоа со нетрпение се очекува од нејзините обожаватели.
На официјалниот сајт на Ријана поставен е одбројувач, кој го одбројува времето до официјалното појавување на песната, а се слуша и гласот на Ријана, која пее „чекањето заврши“ (the wait is ova).
