Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новак Ѓоковиќ со слатка фотографија и порака ѝ посака добредојде на ќеркичката Тара

Новак Ѓоковиќ со слатка фотографија и порака ѝ посака добредојде на ќеркичката Тара

Новак и Јелена Ѓоковиќ неодамна добија ќеркичка. Српскиот тенисер ја сподели првата семејна фотографија со двете деца и со слатка порака ѝ посака добредојде на малото девојче.

На фотографијата се прикажани рацете на Новак, Јелена, нивниот син Стефан и новородената ќерка Тара.

Во описот, славниот спортист напиша: „Многу сме среќни и горди што ѝ посакавме добредојде на нашето мало девојче Тара во нашиот дом. Јелена и јас рака под рака чекоревме низ ова патување и како маж, јас морам да ја испратам мојата љубов и восхит до сите жени кои минуваат ни толку многу болка и напори за да создадат живот, да донесат живот и да израснат човечко суштество... Благослов е да се има можност да се биде родител! Ви благодарам што го прославивте раѓањето на мојата ќерка и што му испраќавте љубов и најдобри желби на моето семејство во изминативе неколку дена. Во мое и во име на Јелена, сакам да ви речам благодарам! Се вративме од болница, Јелена и Тара се моите ангелчиња, а Стефан е горд поголем брат кој сака да учествува во обврските околу бебето. Животот е божествен!“

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Новак и Јелена стапија во брак во јули 2014 година. Нивниот син Стефан се роди во октомври 2014 година.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.