Никол Шерцингер им се врати на работните обврски по одморот во Грција. Откако го прослави својот 39-ти роденден на Миконос, популарната пејачка се врати во Лондон за снимањето на шоуто „The X Factor“.
Со помош на впечатлив портокалов фустан од италијанската дизајнерка Елизабета Франки, Никол го потенцира својот летен тен.








