Само неколку дена по поднесувањето на документи за развод од Кит Урбан, Никол Кидман се појави во Париз со нов изглед и со поддршка од нејзините наследнички.
58-годишната актерка присуствуваше на ревијата на Шанел за пролет/лето 2026, каде што ја изненади јавноста со нов изглед и свежа фризура со шишки. Никол изгледаше беспрекорно во широка бела кошула и сини панталони, кои ги комбинираше со елегантни црни потпетици. Целиот стајлинг делуваше едноставно, модерно и со доза на париски шик.
На ревијата популарната оскаровка се појави со двете ќерки, 17-годишната Сандеј Роуз и 14-годишната Фејт Маргарет, кои ја поддржаа мајка си во првата јавна појава по раздвојувањето со Урбан.
 
 
 
 
 
 
Кидман и Урбан, кои се венчаа во Сиднеј во 2006 година по една година врска, важеа за еден од најстабилните славни парови. Но, по речиси две децении брак, актерката поднесе барање за развод во суд во Нешвил, наведувајќи како причина „непомирливи разлики“.
 
 
		 

 
 
 
 
