Никол Кидман и Кит Урбан не се повеќе заедно.
58-годишната оскаровка и 57-годишниот пејач одлучија да се разделат по 19 години брачен живот. Веста за разделбата први ја пренесоа од TMZ кои исто така објавија дека Кит купил нова куќа во Нешвил и се отселил од семејниот дом.


Извори блиски до Никол и Кит изјавиле дека тие се разделени веќе некое време.
„Кит никогаш не ја гледа Никол, или таа снима или тој е на турнеја“ – рекол изворот.
Друга личност блиска до поранешните партнери за People рекла дека Никол не сакала да се раздели со Кит и дека долго време се обидувала да ги среди односите помеѓу нив.
„Таа не го сакаше ова. Се бореше за да го спаси бракот“ – рекол изворот.


Парот има два пораснати ќерки, 17-годишната Сандеј Роуз и 14-годишната Фејт Маргарет.

Последната објава на Никол за Кит е од нивната годишнина од бракот во јуни.
„Среќна годишнина, бејби“ – напиша Никол во описот на заедничка фотографија.



