Кендал Џенер освојуваше во Париз.
На ревијата Le Défilé на L’Oréal, 29-годишната манекенка зачекори во бела проѕирна креација со висок шлиц од колекцијата пролет/лето 2003 на La Perla и доби бројни комплименти за изгледот. Изгледот на Кендал беше комплетиран со сандали од Стјуарт Вајцман.
„Нема потреба од претставување. Кендал Џенер го трансформираше Le Défilé 2025 со секој чекор: самоуверена, магнетска и грациозна“ – стои во објавата на козметичката компанија.



Во коментарите постојано се редат само убави зборови за ѕвездата од „Keeping Up with the Kardashians“.
„Кендал изгледа како божица“, „Кени е АНГЕЛ“, „Ѕвезда“, „Икона“, „Убавица“ – се само дел од коментарите.





L’Oréal ја избра Кендал како свој глобален амбасадор во јули 2023 година.








ФОТО: Instagram / L'Oréal Paris, VOGUE Germany