Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Низ фотографии: Гостите на црвениот тепих на отворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

Низ фотографии: Гостите на црвениот тепих на отворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

„Браќа Манаки“ си го обнови сјајот по минатогодишното скромно одбележување. На вчерашното отворање на 42-рото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера се вратија црвениот тепих и странските гости кои минатата година отсуствуваа поради пандемијата.

Иако подготовките не течеле глатко, предизвиците биле надминати и финалето се покажа како вистински успех, па претседателот на Фестивалот, Симеон Дамевски, изјави: „Сè е добро, како што рекол Шекспир, штом добро ќе се заврши.“

На црвениот тепих зачекорија бројни филмски уметници, но и личности од најразлични сфери кои според протоколот, за влез мораа да прикажат сертификат за вакцинација.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Откако гостите го завршија дефилето на црвениот тепих, Каролина Гочева го означи стартот на манифестацијата со музички настап.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Претседателот Дамевски одржа краток говор со кој ги најави главните награди. „Изминативе неколку недели, сè околу нас инаетливо ни посочуваше дека нема да нè биде. И дека ќе се прекине филмот што го сонуваме. Се случија многу непредвидливи нешта. Покрај 2-годишниот хорор филм наречен КОВИД-19 проживеавме уште неколку филмски жанрови. Имавме драма, помалку трагедија, трилер, акција и сè заврши со комедии. Но, и покрај сè продолживме да сонуваме и тој сон сега го споделуваме со вас, во реалноста. Славејќи го филмот и неговите творци, овде вечерва сакаме да испратиме порака до вас, публиката, до филмаџиите и уметниците насекаде во светот, од овде од кај нас, во светот – а таа е дека овој фестивал ќе продолжи да ја слави уметноста на светот без разлика на сите проблеми и предизвици. И кога тие пречки и проблеми стануваат големи, тоа за нас е само предизвик да бидеме уште поупорни и подобри. Затоа кога е најтешко, како во ова време-невреме, кога не бевме сигурни дали воопшто ќе имаме гости на Фестивалот, ние решивме да доделиме не една, туку две Специјални камери 300 за особен придонес во филмската уметност, на двајца исклучителни уметници“ – рече тој.

Браќа Манаки

Првата награда му беше доделена Андреј Кончаловски, кој поради околности со пандемијата, не успеа да допатува во Битола, но вети дека ќе присуствува на Фестивалот тогаш кога ќе дозволат условите.

На Џослин Пук лично ѝ беше врачена наградата Златна камера 300. Британската композиторка го започна својот говор на македонски јазик, поздравувајќи ја публиката со „Добровечер Битола“.

„Вашето музичко наследство е веројатно најголемото неоткриено богатство во Европа“ – рече таа.

Претседателот Стево Пендаровски му ја додели наградата „Златна камера 300“ за животен опус на Кристијан Бергер.

Браќа Манаки Браќа Манаки

„Не знам на што мислеле браќата Манаки во оној момент кога почнаа првпат да снимаат со својата камера и каква фасцинација имаа гледачите во тоа време, но она што ме тера сè уште да ја сакам својата професија до денес е моќта на сликите што се развиваат со текот на времето и нивното движење. Таа способност да се фати движењето и да се улови тој кус момент за да не се заборави и потоа да може да се покаже одново и одново. Сметам дека тоа е суштината на камерата и мислам дека тоа ги мотивирало и браќата Манаки. Тогаш беше нова форма, а од нас зависи дали ќе продолжи да биде нова. Би било убаво ако фестивалот успее да ја задржи оваа ‘стара сензација’ жива“ – порача Бергер и потенцира дека во Битола секогаш се чувства добредојден.

Северџан Бајрам ја прими наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Браќа Манаки

Церемонијата се одржа во Пациото на Завод и музеј – Битола, а гостите уживаа под отворено небо во проекцијата на македонскиот филм „Сестри“ (Sisterhood).

McCann Skopje и годинава застана зад креативното решение и слоганот на Фестивалот. „Пораката на Фестивалот ‘И покрај сè’, надополнета со моќната визуелизација совршено ги отсликува ентузијазмот и енергијата кои сите инволвирани ги вложија за повторно да имаме врвен културен настан, и покрај сите предизвици кои ги донесе глобалната пандемија“ – појаснуваат од маркетинг агенцијата.

И покрај сè

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11165 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.