Почетна » Новости » Мода » Гламур во Битола: Модата на црвениот тепих на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Гламур во Битола: Модата на црвениот тепих на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола се одржа отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Премиерата на краткиот филм „Љубовникот“ го одбележа стартот на 39. издание на првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.

На црвениот тепих пред „Центарот за култура“ зачекорија бројни филмски ѕвезди и македонски јавни личности, меѓу кои директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, битолската градоначалничка Наташа Петровска, министерот за култура Асаф Адеми, претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија Игор Иванов и уметничкиот директор Благоја Куновски-Доре.

Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Браќа Манаки Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Браќа Манаки Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Браќа Манаки Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Браќа Манаки Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“ Гостите на „Браќа Манаки“

Специјален гостин на Фестивалот е Оскаровецот Роџер Дикинс, кој е лауреат на наградата Златна камера 300 за животен опус. Дикинс беше придружуван од неговата сопруга Изабела Џејмс Елис.

Филмската дива Клаудија Кардинале, која е добитник на специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, зачекори на црвениот тепих заедно со својата ќерка Клаудија.

Македонската актерка Милица Стојанова беше избрана за добитничка на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм, што ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Филмскиот фестивал беше отворен со специјален перформанс режиран од македонскиот режисер Срѓан Јаниќијевиќ. Во перформансот учествуваа актерката Јелена Јованова и балерината Ивана Коцевска, пијанистката Дуња Иванова, поетот Јовица Ивановски. Музиката е на Надежда Рубен, аранжманот на Андреја Наунов, костимите на модната дизајнерка Лидија Георгиева, а светлото на Илија Тарчуговски.

По свеченото отворање, премиерно беше прикажан краткиот филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов-Изи, а веднаш потоа, во чест на годинешниот лауреат на Златна Камера 300, оскаровецот Роџер Дикинс, следеше филмот „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049).

Во главната програма за трите награди „Камера 300” (Златна, Сребрена и Бронзена) за најдобар кинематографер ќе се натпреваруваат 12 филмови: „Транзит” (Германија); „Студена војна” (Полска); „Зимски муви” (Чешка); „Лето” (Русија); „Ага” (Бугарија); „Горење” (Јужна Кореја); „Фокстрот” (Израел); „Нико” (Италија); „Пепелта е најчисто бело” (Кина); „Неподвижен имот” (Шведска), „Девојка” (Белгија) и „Црн кју-клукс-клан-овец” (САД).

Годинава ќе бидат одбележани два филмски јубилеи: 100 години од раѓањето на големиот Ингмар Бергман, еден од најдобрите режисери на сите времиња и 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“. Овие одбележувања ги организира Кинотеката на Македонија, која 39 години е партнер на Фестивалот.

Слоганот на годинашното издание на фестивалот гласи: „Hats Off“ („Симнуваме капа“), во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите, градот Битола и публиката.

Гостите на „Браќа Манаки“

Зад креативните решенија стои маркетинг агенцијата „Меккен Скопје“, како комуникациски партнер на 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“, од каде велат дека инспирацијата потекнува токму од почитта кон сите филмски уметници.

„Нашата инспирација беа безвременските капи на браќата Манаки и градот во кој тие живееле и твореле – Битола. Нашата порака е да покажеме благодарност и почит на нивната работа и работата на сите филмски работници кои земаат учество во Фестивалот. Сакаме да кажеме СИМНУВАМЕ КАПА на сѐ што претставува Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Нашите капи лебдат, паѓаат, се движат или едноставно постојат и се сеприсутни над еден од најпрепознатливите објекти кои го чуваат и негуваат културното наследство во овој град – НУ Завод и музеј – Битола. Нивната метафоричност се трансформира во своевидна илузија и несекојдневна магија, со која всушност ги поврзуваме филмовите“, велат од „Меккен“.

Фестивалот ќе трае до 29 септември, а на затворањето ќе бидат прикажани филмовите „Скаут“ и „Црн Кју-клукс-клан-овец“ (BlacKkKlansman).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.