Селма Блер е на насловната страница на неделното издание на „People“.
47-годишната актерка, на која пред една година ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, со широка насмевка позираше за списанието. „Нема да дозволам оваа болест да ме запре“ – пишува на корицата веднаш до фотографијата од Блер.

Во интервјуто за списанието, смелата холивудска ѕвезда зборуваше за игрите и воспитувањето на синот Артур, за помошта која ја има од пријателите, за таткото на нејзиното дете со кој беше во врска од 2010 до 2012 година и за радоста која ја чувствува.
Селма вели дека соучениците на нејзиниот син, кој денес полни 8 години, честопати го прашуваат зошто таа оди и зборува смешно. Во тие моменти, таа не се лути, туку смирено им објаснува што ѝ се случува.
„Им објаснувам што се случува и дека мојот глас не ме боли и имаме разговори на ниво. Немав никаква претстава дека Артур се гордее поради тоа. Си мислев дека веројатно сум срам за него, но тоа што знам дека не сум, е еден од моментите со кои најмногу се гордеам.“
„Тој мораше да помине низ многу нешта, има видено многу нешта“ – рече таа за списанието, објаснувајќи дека тој ја имал видено како паѓа по скалите и дека секогаш трча по неа во тоалетот кога ќе ѝ се слоши.
Но, Артур не ја гледа слабоста на неговата мајка како нешто негативно. „Тој вели: ‘Мама не е болна. Мама е храбра’“ .
„Ми вели: ‘Ми се допаѓа кога доаѓаш на училиште, бидејќи ги смееш децата и одговараш на сите нивни прашања’“– објасни гордо Блер.

Ѕвездата од „Cruel Intentions“ има голема поддршка од таткото на Артур со кого имаат флексибилно старателство. „Имаме флексибилно старателство и Џејсон има огромна улога во животот на Артур. Многу ми има помогнато. Навистина се гордеам со нас“.
„Ова е тоа. Единствениот живот што го добиваме. Мојата болест не е трагедија. Си велам себеси: ‘Ќе живееш на начин на кој ќе бидеш пример за тебе и за твојот син’“ – изјави таа.
Селма е благодарна што е жива и што може да се радува на животот со синот.
„Најчудното нешто е што во периодот кој можеше да ми биде најстресен, јас чувствувам најголема радост. Мислам дека тоа е поради тоа што научив повеќе отсекогаш дека постојат луѓе кои ме поддржуваат, кои ме сакаат. Сум видела како луѓето го посветуваат нивното време за да ми помогнат.“
„Тоа што луѓето веруваат во мене ми дава многу повеќе сила отколку што можев да замислам“.
„Tука сум и радоста е зачудувачка. Можеби не ја покажувам, но сакам да ја покажам. Сакам да речам: ‘Благодарам’“ – вели Блер и ги советува луѓето да не се обидуваат да се вклопат во туѓите стандарди за „најдобро“, туку да се стремат да бидат најдобра верзија за себе.
„Не е важно ако не си најдобрата верзија за другите. Биди најдобрата верзија за себе денес, а за другото грижи се подоцна“ – вели таа.