Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Не ја препознаа: Пејачката Сиа без перика се појави во маркет и им ги плати сметките на сите купувачи

Не ја препознаа: Пејачката Сиа без перика се појави во маркет и им ги плати сметките на сите купувачи

Сиа ширеше добрина во Калифорнија непосредно пред Денот на благодарноста.

43-годишната пејачка, која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Walmart“ и им ги плати сметките на сите купувачи. На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.

Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Twitter.

„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце што им плати на сите!! Извини што им кажав на сите кога сфатив која си!! Но, оваа добрина мора да добие признание“ – напиша таа.

Откако беше разоткриена, Сиа се фотографираше со своите фанови.

Сиа Сиа Сиа Сиа Сиа Сиа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.