Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не сум модел, поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез се отвори за промените во тежината поради лекарствата

„Не сум модел, поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез се отвори за промените во тежината поради лекарствата

Селена Гомез сè почесто се соочува со злобни коментари за нејзиниот изглед. Славната актерка и пејачка доживува промени во тежината и на секое јавно појавување, станува мета на критики.

30-годишната ѕвезда им откри на своите фанови дека флуктуациите во тежината се случуваат поради лекарствата кои ги прима поради болеста лупус.

Селена Гомез

„Кога ги примам лековите, во телото ми се задржува повеќе вода. И тоа се случува многу нормално. Кога ќе престанам да ги пијам, на некој начин слабеам.“

„Сакав само да ги охрабрам сите кои се срамат поради она низ што поминуваат и никој не ја знае нивната приказна. Па, сакам луѓето да знаат дека се убави и прекрасни. Да, сите имаме денови кога се чувствуваме лошо, но јас побрзо ќе изберам да бидам здрава и да се грижам за себеси. Моите лекарства ми се важни и верувам дека ми помагаат.“

„Да, не сум модел и никогаш нема да бидам. Сметам дека тие се прекрасни, но јас дефинитивно не сум тоа“ – вели Селена во видеото.

Поради лупус, на Селена ѝ беше извршена трансплантација на бубрег во 2017 година.

Селена Гомез

Лупус е хронично автоимуно заболување, кое се појавува кога имунолошкиот систем ги напаѓа здравите ткива и органи во телото. Воспалението предизвикано од лупус може да доведе до проблеми со зглобовите, кожата, бубрезите, срцето, белите дробови и нервниот систем.

Многу е тешко да се дијагностицира лупус, затоа што во сите случаи се развива различно и најчесто знаците и симптомите укажуваат на други здравствени состојби. Најпрепознатлив знак на лупус е црвенило во форма на пеперутка на образите на лицето. И покрај тоа што не постои лек за лупус, со соодветни третмани може да се контролира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.