Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не сакав да се омажам повторно“: Ева Лонгорија се отвори за својот трет брак и свадбата за „Fabulous“

„Не сакав да се омажам повторно“: Ева Лонгорија се отвори за својот трет брак и свадбата за „Fabulous“

Ева Лонгорија заведува од страниците на списанието „Fabulous“.

За новото издание посветено на убавината, 41-годишната актерка и дизајнерка позираше пред фотоапаратот на Марк Хејман во неколку различни костими за капење и впечатлив накит.

Во интервјуто, славната ѕвезда од хит серијата „Очајни домаќинки“ зборуваше за својот трет брак со Хозе Антонио Бастон, за свадбениот ден и пријателството со Викторија Бекам.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Лонгорија призна дека кога започнала да се состанува со Бастон, не ни помислувала дека повторно ќе се омажи. „Не сакав повторно да стапам во брак, ниту пак сакаше Пепе. Бевме среќни и не сакавме тоа да се промени ако се земеме“ – рекла Ева.

Но, кога дошол моментот на запросување, Ева не можела да каже ништо друго освен „да“. „Ме побара за жена и пет месеци подоцна стапивме во брак. Сè беше брзо и неверојатно, но и правилно. Откако се зедовме, ние станавме неразделни. Пепе е многу добар. Тоа е вистинска реткост да се најде. Брачниот живот е подобар одошто можев да замислам. Не мислам дека можам да сакам друг човек колку што го сакам Пепе. Опседната сум со него. Зборувам за него по стопати дневно. Тој е најдобар“ – изјави таа.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

На прашањето за невестинскиот фустан, кој ѝ беше креиран од Викторија Бекам, Ева коментирала: „Мојот фустан беше совршен. Ѝ реков на Викторија дека сакам таа да го дизајнираа и таа беше пресреќна. Но, исто така ми рече дека не дизајнира венчаници. Јас ѝ возвратив дека не сакам венчаница, туку фустан кој вели убавина, софистицираност, елеганција и безвременост. Бев најсреќната жена на светот на мојот свадбен ден“.

Зборувајќи за пријателството со Бекам, Лонгорија рече: „Ние сме многу гласни. Таа е толку смешна и се смееме за сè. Кога бев во Лондон неодамна, бевме на вечера и се смеевме толку гласно, што сите зјапаа во нас, бидејќи бевме многу бучни. Таа е најстабилната личност која можете да ја запознаете. Супер лојална е и можеш да сметаш на неа во секое време“.

Ева Лонгорија

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11427 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.