Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најслаткиот подарок: Актерката Џејми Ли Кертис доби тегличка мед од Атиџе и се пофали на Instagram

Најслаткиот подарок: Актерката Џејми Ли Кертис доби тегличка мед од Атиџе и се пофали на Instagram

Атиџе продолжува да го освојува Холивуд, а и светот. Протагонистката од документарниот филм „Медена земја“ ѝ подари тегличка мед на актерката Џејми Ли Кертис, која не крие дека е голема обожавателка на македонската пчеларка.

61-годишната холивудска ѕвезда објави фотографија од слаткото изненадување на Instagram заедно со порака.

„Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам ‘половина за мене, половина за нив’. Во овој случај кои се моите ‘нив’? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале 'Медена земја', ви го препорачувам“ – стои во описот.

Ли Кертис беше импресионирана од „Медена земја“ и минатиот месец објави порака во која го изрази своето одушевување.

„Колку совршен филм за овој момент. ‘Медена земја’ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“ – напиша Кертис.

Џејми Ли Кертис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.