Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најслатката придружба: Пинк ја прими наградата „Икона“ на свеченост со двете деца

Најслатката придружба: Пинк ја прими наградата „Икона“ на свеченост со двете деца

Пинк доби специјално признание на најновото издание на iHeartRadio Awards. 43-годишната пејачка се закити со наградата Икона на церемонијата која се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес.

Славната музичка ѕвезда зачекори на црвениот тепих придружувана од двете деца. 11-годишната Вилоу и 6-годишниот Џејмисон изгледаа преслатко додека позираа со мајка им.

Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата

Пинк настапи на сцената со новата песна „Trustfall“, а ја изведе и „Just Give Me a Reason“ заедно со Кели Кларксон.

Својот настап го заврши со микс од „What About Us” и „Who Knew.”

„Ние луѓето сме ранливи од моментот кога ќе се родиме, до моментот кога ќе умреме и многумина од нас го поминуваат целиот свој живот бегајќи од тоа. Ранливоста значи способност да се биде ранет. Јас решив да ја направам ранливоста моја животна работа, а за оние од вас кои ми се придружија во оваа авантура, ви благодарам од срце. Благодарна сум што сум жива. Благодарна сум што го правам ова со мојот еден скапоцен живот. Најмногу од сè, Вилоу и Џејмисон, благодарна сум што сум ваша мајка“ – изјави Пинк во својот говор.

Пинк со децата Пинк со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.