Тијана Дапчевиќ сподели стара фотографија од фото-албумите за да му го честита роденденот на нејзиниот сопруг Милан.
45-годишната пејачка во описот напиша: „Среќен роденден на најдобриот маж, татко, другар, сопатник. Љубов моја, да си среќен и здрав најмалку уште 100 години, те сакам до небото и ѕвездите“.
Денес, Тијана сподели фотографии од прошетка со синот Вук, внуката Хана и мајка си.
Тијана и Милан се во брак две децении и заедно имаат едно дете - синот Вук.