Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Евровизискиот спот на Тијана Дапчевиќ за „To The Sky“

ВИДЕО: Евровизискиот спот на Тијана Дапчевиќ за „To The Sky“

Денес се одржа промоцијата на видеозаписот за песната со која Тијана Дапчевиќ ќе ја претстави Македонија на 59-тото издание на Евровизија.

Спотот за „To The Sky“ е режиран од Мерт Аслани.

Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров стои и зад аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија го напиша Елена Ристеска, додека за англиската верзија „To The Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.

Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6 до 10 мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8 мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент.

Исто така, беа објавени и спотови за македонската и српската верзија на песната.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.