Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Натали Портман: Ештон Кучер заработи трипати повеќе од мене за „No Strings Attached“

Натали Портман: Ештон Кучер заработи трипати повеќе од мене за „No Strings Attached“

Натали Портман со лежерна фотосесија застана во центарот на февруарското издание на „Marie Claire“. За едиторијалот, 35-годишната актерка позираше пред објективот на фотографот Мет Џонс.

Во интервјуто за списанието, славната Израелка зборуваше за разликата во заработката помеѓу мажите и жените во Холивуд.

Натали Портман

Портман откри дека Ештон Кучер заработил трипати повеќе отколку што заработила таа за нивниот заеднички филм „No Strings Attached“, кој во 2011 година беше вистински хит.

„Ештон Кучер беше платен трипати повеќе од мене за „No Strings Attached“. Јас знаев за тоа, но сепак прифатив, бидејќи постои нешто со „квотите“ во Холивуд. Не бев толку лута колку што требаше да бидам. Мислам, ние заработуваме многу, па затоа е тешко да се жалам. Но, разликата е огромна“ – рекла таа.

Натали Портман Натали Портман Натали Портман

Ова не е првпат Натали да зборува за овој проблем за истото списание. Во 2015 година, таа изјави: „Постои огромна разлика помеѓу жените и мажите во Холивуд. Титаник беше голем хит и Леонардо Дикаприо веднаш достигна до 20 милиони долари од филм, но не и Кејт Винслет. Но, изгледа дека тоа се менува сега“.

Преку објава на Twitter, Кучер сподели дека се гордее со Портман и со сите жени кои цврсто се борат за да ја израмнат разликата во заработката.

Натали Портман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11412 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.