Џорџина Родригез редовно им дозволува на фановите да „ѕирнат“ во нејзиниот живот.
29-годишната избраничка на Кристијано Роналдо сподели фотографии со петте деца и со славниот фудбалер. На дел од нив таа позира со Роналдо, 11-месечната Бела Есмералда и 12-годишниот Кристијано Џуниор, а на другите се прикажани игрите и на останатите деца – 5-годишните близнаци Ева и Матео и Алана Мартина.
„Мојот живот“ – напиша таа.








Џорџина и Кристијано се заедно од 2016 година. Со него, таа има две биолошки деца, а на останатите три им е маќеа.

