Моника Белучи има нов љубовен партнер. Славната актерка веќе четири месеци е во тајна врска со режисерот Тим Бартон.
Парот беше фотографиран од папараците на вечерна прошетка.

58-годишната филмска ѕвезда и 64-годишниот режисер се запознале пред 16 години, но ја започнале нивната романса откако повторно се сретнале на филмскиот фестивал „Lumière“ во Лион.
Таа беше почесна гостинка на свеченоста и му ја додели наградата за животно дело на Бартон.





