Моника Белучи ги спојува работата и задоволството со престојот во Грција. Италијанската дива моментално ужива во убавините на островот Парос додека се подготвува за професионален ангажман.
55-годишната актерка беше фотографирана во лежерна комбинација со макси фустан од Долче и Габана и апостолки.








Белучи ќе се претстави пред публиката во Атина со монолог. Имено, таа ќе ја портретира Марија Калас, а монологот се базира на необјавени писма на популарната оперска пејачка.