Ријана сними трудничка фотосесија за „Вог“ во последниот триместар од првата бременост.
34-годишната пејачка позираше со разголено стомаче пред фото-објективот на реномираната фотографка Ани Либовиц.

Откако ја објави веста за бременоста, Ријана привлекува големо внимание со смелите модни комбинации, бидејќи многумина сметаат дека не се пристојни за трудници.
„Се надевам дека ќе успееме да го редефинираме она што се смета за ‘пристојно’ за бремени жени. Моето тело прави неверојатни нешта во моментов и нема да се срамам од тоа. Ова треба да се слави. Зошто би ја криеле вашата бременост?“ – изјавила Ријана.


Ријана била одушевена кога ги дознала бенефициите од доењето. „Се молам моето тело да ми овозможи да го правам тоа“ – рекла таа и додала дека се плаши од постпородилна депресија.


Музичката ѕвезда откри и дали бременоста била планирана или не. „Не би рекла дека планиравме. Но, со сигурност не планиравме да не се случи. Не знам кога овулирам и такви работи. Ние само се забавувавме. И тогаш се појави на тестот. Не губев време. Го повикав внатре и му покажав. Следното утро отидов на преглед и започна нашето патување“ – признала Ријана.



Ријана и Ејсап Роки започнаа да се состануваат во декември 2020 година.
„Возбудена сум од предизвикот. Му се предадов на моето патување и уживам во него“ – вели Ријана во видеото од снимањето на фотосесијата.