Стилот не избледнува со годините, а во тоа ќе се уверите само што ќе фрлите поглед врз модните комбинации на блогерката Кодиго Пилар.
Модната ентузијастка и на 45 години негува елегантен и женствен стил, со кој ги мами сите жени да уживаат во трендовите независно од возраста.
„Ние сме автентични во нашата зрелост, имаме изодено добар дел од нашиот животен пат, знаеме кои сме и што сакаме. Со таа одлучност и знаење се трудиме да останеме верни на својот стил“ – вели Пилар, која е мајка на две деца. „Не дозволувајте никој да ви ги избрише насмевката или соништата“ – додава таа.