Викторија Бекам одржа уште една успешна ревија во рамките на Париската недела на модата. На настанот, 48-годишната дизајнерка ја доби поддршката од своето семејство.
Дејвид со ќерката Харпер, синовите Круз и Бруклин и снаата Никола од првиот ред го следеа модното шоу.
Славното семејство ги привлече објективите на фотографите додека на пистата манекенките ја презентираа колекцијата есен/зима 2023.











Викторија организираше и забава за да прослави за успешната ревија.








