Викторија Бекам организираше божиќен настан за убавина во нејзиниот бутик во Лондон.
48-годишната дизајнерка носеше креации од својот бренд. Кафеното волнено здолниште со два шлица, таа го надополни со виолетова ролка.
Викторија сподели фотографии од настанот, а на дел од нив позира со три од четирите деца кои ги има со Дејвид Бекам. Тој не беше присутен на настанот, бидејќи сé уште е во Доха, каде ги следи натпреварите од Светското првенство во фудбал како амбасадор на ФИФА.













