Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Модерна во жолто: Џенифер Лопез гостинка на турнејата на Опра

Модерна во жолто: Џенифер Лопез гостинка на турнејата на Опра

Џенифер Лопез беше гостинка на турнејата на Опра Винфри, на тема „Твојот живот во фокусот“.

На настанот во Инглвуд, Калифорнија, 50-годишната пејачка и актерка изгледаше прекрасно во жолт стајлинг.

Модерниот костум доаѓа од пролетната колекција на брендот Sally LaPointe.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Во интервјуто, Џеј Ло зборуваше за вереникот Алекс и неговиот однос со нејзините деца и за тоа што не беше номинирана за Оскар.

На прашањето, кои се квалитетите кои ги поседува Алекс кои ја натераа да сфати дека сака да го помине остатокот од животот со него, таа изјави: „Беше различно од сè што дотогаш имав искусено. Неговата истрајност, сè што ќе каже, го остварува. Секојпат. И тоа е важно. Тој, исто така, сака да растеме заедно. Никогаш не сум имала некој кој ќе сака да ме гледа како блескам и како растам.“

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Лопез призна и дека била разочарана што не беше номинирана за Оскар.

„Бев тажна, бев малку тажна. Бидејќи многу се зборуваше за тоа. Добив многу пофалби, повеќе отсекогаш во мојата кариера. Ги читав статиите и си мислев: ‘Ох, Боже, може ли да се случи тоа?’ Но, потоа не се случи и беше мало разочарување“ – изјави таа.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.