Џон Траволта не пропушти да го одбележи роденденот на неговиот покоен син Џет, кој ако беше жив, вчера ќе наполнеше 30 години.
68-годишниот актер сподели црно-бела фотографија на која позираат заедно, а во описот напиша: „Мој најдраг Џети, ми недостигаш повеќе отколку што може да се опише со зборови. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака, твојот Тато“.
Ѕвездата од „Брилијантин“ никогаш не пропушта да ги одбележи важните датуми за неговото семејство.
Џет Траволта е најстар син на Џон и Кели Престон, која ја изгуби битката со рак на дојка во јули 2020 година.
Џет почина на 16-годишна возраст, во јануари 2009 година, додека беше на одмор со семејството на Бахами. Тој падна во кадата и си ја удри главата како последица на епилептичен напад. Пред неговата смрт, славниот пар не споделуваше со светот дека тој е во аутистичниот спектар.


Џон и Кели заедно имаат уште две деца - ќерката Ела и синот Бенџамин.


