Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Миранда Кер со своето куче Теди во едиторијал за Harper’s Bazaar

Миранда Кер со своето куче Теди во едиторијал за Harper’s Bazaar

Насловната страница на Harper’s Bazaar Австралија повторно ѝ припадна на Миранда Кер. 34-годишниот модел, овој пат позираше со своето милениче, кучето Теди.

Миранда Кер

Атрактивниот модел се појавува во неколку едноставни комбинации, на кои особено доаѓа до израз масивниот колан. Таа е познат љубител на впечатливи модни додатоци и преферира да го освежува едноставниот изглед со само еден детаљ.

Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер

Миранда Кер е веќе 20 години еден од најбараните модели во модната индустрија. Таа е и сопственичка на успешна компанија за органска козметика - „Kora Organics“. Миранда изјави дека таа отсекогаш мислела дека со моделство може да се занимава само краток период. „Иронично, се занимав со тоа веќе 20 години, се трудам премногу и навистина сум посветена на мојата работа. Уживав во тоа, но сега ми се изменија приоритетите. Сакам да сум тука за Флин, и за моето друго дете, ‘Кора’, коeшто е мојата страст“, објаснува ѕвездата.

Миранда Кер Миранда Кер

Миранда Кер е моментално во брак со основачот на социјалната мрежа Snapchat, Еван Спигел. Парот стапи во брак пред четири месеци. Таа го истакна позитивното влијание што го има нејзиниот сопруг врз неа и изјави: „Понекогаш сакаш да се повлечеш навнатре и да не си толку отворен. Јас сум во таа точка од животот. Сакам да го живеам моментот со моето семејство“. Моделот е мајка на 6-годишното синче кое го доби во бракот со Орландо Блум.

Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10628 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.