Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Миранда Кер стапи во брак со основачот на Snapchat

Миранда Кер стапи во брак со основачот на Snapchat

Миранда Кер и Еван Спигел се заколнаа на вечна љубов. Парот се венча во дворот на својата куќа во Брентвуд, Лос Анџелес.

Миранда Кер и Еван Спигел Миранда Кер и Еван Спигел

На интимната церемонија присуствувале околу 40 гости, а засега нема „протечено“ ниту една свадбена фотографија.

34-годишниот модел и 26-годишниот основач на Snapchat ја започнаа својата врска пред две години, а објавија дека се верија во јули минатата година.

Миранда Кер и Еван Спигел Миранда Кер и Еван Спигел Миранда Кер и Еван Спигел

„Тој има 25 години, но се однесува како да има 50. Не излегува да се забавува. Ние повеќе сакаме да остануваме дома, да вечераме и да си легнеме рано. Но на некој начин, тој се однесува и како млад маж. Ви кажувам, го имам најдоброто од двата светови“ – изјави неодамна Кер во интервју за „The Edit“.

Миранда Кер и Еван Спигел Миранда Кер и Еван Спигел

Ова е втор брак за Кер, која претходно беше во брак со Орландо Блум. Миранда и Орландо заедно имаат едно дете – шестгодишниот син Флин.

„Јас и мојот поранешен сопруг одлучивме дека треба да ја знаеме личноста шест месеци пред да ја запознаеме со Флин. Еван се запозна со Флин и нештата се одлични. Орландо смета дека Еван е супер. Ние сме модерно семејство сега“ – вели Миранда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.