Меланија Трамп го поддржа својот сопруг Доналд на официјална вечера на непрофитната организација „White House Historical Association“.
71-годишниот претседател и 47-годишната прва дама на САД ја искористија пригодата за им оддадат почит на настраданите во ураганите Ирма и Харви.
„Заедно, сите ние тагуваме за овие жртви. Заедно се залагаме да ги издигнеме нашите населби од најдлабокиот очај“ – рекла таа во нејзиниот говор.
Меланија буквално блескаше во креација од Моник Лулие додека говореше пред присутните. Светкавиот фустан чини 8.000 долари.
Доналд и Меланија претходно се сретнаа со семејства кои ги изгубија своите домови во Флорида поради ураганот Ирма и им делеа оброци.