Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меган Маркл со минимална шминка за Vanity Fair, се отвори за врската со принцот Хари

Меган Маркл со минимална шминка за Vanity Fair, се отвори за врската со принцот Хари

Иако медиумите со огромен интерес го следеа секој чекор на Меган Маркл откако стана јасно дека е во врска со принцот Хари, таа досега не го коментираше својот љубовен живот. За октомвриското издание на Vanity Fair, популарната актерка сними фотосесија и за првпат се отвори за нејзиниот однос со Хари.

Меган Маркл

За фотографиите, Меган соработуваше со реномираниот фотограф Петер Линдберг, кој милува да ја овековечува женската убавина во природно издание. „Отсекогаш сум ги обожавала моите пеги“ – вели Меган, која едвај чекала да работи со Линдберг, затоа што тој ретко ги „фотошопира“ фотографиите и верува дека сосем малку шминка е повеќе од доволно.

„Го прегрнав и му реков: Многу сум возбудена што ќе работам со тебе, затоа што знам дека конечно ќе имаме можност да ги видиме моите пеги!“ – рекла таа.

Меган Маркл Меган Маркл

За врската со Хари, 36-годишната ѕвезда од серијата „Suits“ изјавила: „Можам да ви кажам дека на крајот на краиштата, мислам дека е многу едноставно. Ние сме две личности кои се среќни и заљубени. Тивко се состанувавме околу шест месеци пред тоа да стане вест, работев во тоа време и единственото нешто кое се промени беше перцепцијата на луѓето. Ништо кај мене не се промени. Сè уште сум истата личност и никогаш не сум се дефинирала себеси од моите врски.“

Меган Маркл Меган Маркл

„Ние сме пар. Заљубени сме. Сигурна сум дека ќе дојде време кога ќе мора да се отвориме и да се претставиме и да имаме стории за раскажување, но се надевам дека луѓето ќе разберат дека ова е наше време. Ова е само за нас. Токму и заради тоа е толку специјално. Среќни сме. Лично, јас обожавам добра љубовна сторија“ – додала таа.

Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.