Меган Маркл на 8 Март беше фотографирана со пријателки во Вест Холивуд, Калифорнија, неколку часови по објавувањето на веста дека нејзините деца добија титули принц и принцеза.
41-годишната сопруга на принцот Хари со широка насмевка го напушташе мексиканскиот ресторан „Gracias Madre“. За дружбата со пријателки, таа избра црн стајлинг и црно-бела чанта од Шанел.







На Меѓународниот ден на жената, Меган посети и организација која им овозможува на трудниците часови, помош во домот и поддршка при проблеми со менталното здравје.


Вчера, децата на Меган и принцот Хари конечно добија кралски титули. Арчи и Лилибет официјално се означени како принц и принцеза.
