Почетна » Новости » Актуелно » Арчи и Лилибет се принц и принцеза: Кралското семејство им ги промени титулите по изјавата од Меган Маркл и Хари

Арчи и Лилибет се принц и принцеза: Кралското семејство им ги промени титулите по изјавата од Меган Маркл и Хари

Децата на Меган Маркл и принцот Хари конечно добија кралски титули. Арчи и Лилибет официјално се означени како принц и принцеза.

По изјавата од претставник на Хари и Меган дека тоа е нивно право од раѓање, кралот Чарлс одлучи тоа да биде означено и на официјалната страница на Бакингемската палата.

„Титулите на децата се нивно право откако нивниот дедо стана Монарх. Ова прашање е решено веќе извесен период во согласност со Бакингемската палата“ – изјавил портпаролот.

Хари и Меган со децата

Утрово, тие беа напишани како господар и госпоѓица Маунтбатен-Виндзор, а пред кратко време тоа беше променето и сега гласи: принц Арчи од Сасекс и принцеза Лилибет од Сасекс.

Тие се на 6-то и 7-мо место во линијата престолонаследници.

Хари и Меган со децата Хари и Меган со децата

Вчера, Лилибет беше официјално крстена во Калифорнија. На церемонијата не беа присутни ни кралот Чарлс, ни принцот Вилијам и принцезата Кетрин.

Хари и Меган со децата Хари и Меган со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.