Ирина Дишовска уште еднаш покажа дека мајчинството не е лесно и дека понекогаш децата се непредвидливи.
Македонската планинарка планирала да се искачи до врвот на Водно со ќеркичката во кенгур за планинарење, но малата Лена имала поинакви планови. Ирина морала да го носи заспаното девојче во раце цел пат до Милениумскиот крст, па сподели фотографии и видео.
„Поздрав од врв Водно. Прелесно со 15 кила во раце... цел пат“ – вели Ирина во видеото.
„Мајчинство“ – напиша таа во описот.
Искачувањето на Водно е секојдневие за сопругата на Павле Камилоски. И за време на бременоста таа сама ја минуваше патеката дотаму.
Покрај ќерката Лена, Ирина и Павле имаат уште едно дете, синчето Јосиф.
